Фолк-пејачката Елена Велевска викендов пееше на свадба во Дебар. Во затворена кафеана со стотина гости, таа направи џумбуш. Се играше и пееше, се вртеше оро, а дел од атмосферата Елена сподели и на Фејсбук. „Живо, живо“, вели пејачката на видеото што го објави, додека свадбарите се забавуваат.
И додека на Фејсбук ја фалат дека е најдобра, видеото го објавија и на Твитер, па ја искритикуваа. „Ова е неодговорно. Па уште и се фали дека пеела пред толку многу луѓе. И после ќе се шири короната, имало многу нови болни. Што е следно, кластер: ‘Елена Велевска свадба’“, пишуваат.
Свадбата во Дебар се одржа пред да почнат новите антиковид мерки кои забрануваат организирани настани на затворено, а на местата каде што има повеќе од 30 лица редари проверуваат дали гостите примиле барем една доза вакцина против корона.