Познатиот македонски продуцент и гитарист Венко Серафимовски, го најави новиот албум „Македонски балади“ на Бошко Симоновски и пријателите. Станува збор за човек кој ја одржуваше рок сцената во Штип па и пошироко. Неговата музиката е исконска, македонска и староградска.
Во новиот албум учествуваа и Ленче Јорданова, која е вокал, а свири и на виолина. Зоран Казаков свири на турба и хорна, Бошко Симоновски на гитара, а Влатко Симоновски на дајре, ѓембе и тарабука. Продукцијата е на Серафимовски.