(Видео) Весна Бејби сама протестира пред ЕВН: Уште нема никој, кај сте?

Откако глумицата Весна Бејби доби сметка за струја од 18 илјади денари и јавно кажа дека ќе се фрли во Вардар поради големата сметка, сега отиде сама да протестира пред ЕВН. Таа на Инстаграм објави видео како стои пред една од зградите на компанијата во близина на Вардар. Па вели: „Сама сум. Уште нема никој, кај сте? А и Вардар е блиску, туку, ладно е. Нема поарно од сам да си протестираш“.

Видеото на Весна ги насмеа на социјалните мрежи, а во коментари ѝ напишаа да си го чува здравјето и да напише приговор наместо да се фрла во реката. Сето ова доаѓа откако јануарските сметки за струја се зголемија за 40 отсто, а многу луѓе се пожалија дека треба да платат огромни суми.

За потсетување, кога пред неколку години автомобилот на Весна се најде во Вардар, ЕВН тоа го искористи да сними реклама со глумицата.

Scroll to Top