(Видео) Весна објави први кадри од снимањето на „Дајте музика“

Започна снимањето на популарната музичка серија за деца „Дајте музика”. Првите кадри веќе се направени во МРТВ, каде и пред 30 години се снимаше популарната емисија. Овој пат во серијата играат децата од  актерската школа на Весна Петрушевска, која на Инстаграм објави како оди снимањето. За облеката, пак, ќе биде задолжена стилистката Цаци Паковска.

Серијата пред 30 години беше во режија на Лазар Паковски и Миле Гроздановски, а на најавната шпица е Ристо Самарџиев.

„Ова е одлична вест за позворасните генерации кои ќе се потсетат на едно безгрижно време и на добрите детски денови, но и за новите генерации кои ќе имаат можност да ги доживеат тие времиња“, коментираат на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/B08BIOJn2vW/

Scroll to Top