Виктор Апостоловски се сврши со долгогодишната девојка Милена Доневска. Пејачот ја побара за жена во Истанбул, а двојката објави и видео од Босфор.
„Доста време ерген одев“, рече Виктор и ѝ го подари прстенот.
За потсетување, Виктор во февруари ја испеа песната „Супермен“, на домашниот избор за „Евросонг“.
Тогаш за „Репортер“ ни рече дека му се случува истата приказна како во времето кога пееше во „Идол“. Добивал пораки од обожавателки, го застанувале на улица за да се фотографираат, родители му испраќале видеа од нивните деца кои пеат и играат на песната и дека повторно преку ноќ станал популарен.
За приватниот живот рече дека не сакал многу да зборува, затоа што тоа му се удирало од глава, дека имал проблем со недовербата кај жените, а кога е во врска не гледал на страна.