(Видео) Висар Вишка во скејт парк со синот

Актерот Висар Вишка го искористи убавото време и слободниот викенд да се дружи со својот син Дион. Висар на својот инстаграм-профил објави фотографија и видео во кое 5-годишното момче се забавува во скејт-паркот во Карпош, покрај кејот на Вардар.

Покрај фотографијата Висар напиша дека ова е првпат Дион да вози велосипед во скејт-паркот.

Актерот неодамна се врати од Африка каде што снимаше серија, а македонската публика неодамна го гледаше во серијата „На терапија“.

 

Scroll to Top