(Видео) Вработените од Театар „Комедија“ најавија бунт по одлуката за разрешување на Нора: Не се согласуваме Магдалена Ризова да биде директор

Дел од вработените во Театар Комедија најавија бунт по одлуката Нора Шаќири-Марковиќ да се разреши од местото в.д. директор на театарот.

Тие во видео-порака велат дека не се согласуваат со одлуката на Министерството за култура нов директор да биде глумицата Магдалена Ризова Чернах. Вработените во театарот побараа наместо Ризова, на местото на Нора да се назначи драматургот Дарко Спасов.

„Не се согласуваме со разрешување на Нора Шаќири Марковиќ и назначување на Магдалена Ризова-Черних. Шокирани сме од оваа одлука со која за нов В.Д. директор се поставува човек што беше дел од претходната управа која што беше разрешена поради неправилности во работењето. Можеби е крајно време Инспекторатот за труд да го посети Театар Комедија. Кога Театарот беше на колена, во долгови и без услови за работа, со нарушени меѓучовечки односи, В.Д. директорката што сега ја разрешува Министерството успеа да реши дел од овие проблеми и да го врати Театарот на вистинскиот пат“, велат вработените во видеото кое го сподели актерот Атанас Атанасовски.

Нора Шаќири разрешена од Tеатaр „Комедија“, на нејзино место е назначена глумицата Магдалена Ризова-Черних

Scroll to Top