(Видео) Врчак се појави на свадба кај пријател, па заедно со Ламбе го отпеаја нивниот хит

Свадба на заеднички пријател во Охрид ги спои Ламбе Алабакоски и Раде Врчаковски Врчак.  По долго време Врчак се појави во јавноста, па и запеа.

Ламбе и Врчак ја имаат заедно песната „Спасете ме другари“, која исто така ја отпеаја на свадбата во Охрид.

Ламбе на Инстаграм објави видео од моментот и напиша: „Моите молитви се остварија. Фала ти Боже вчера тоа ми се потврди. Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај. И да испишеме уште едно време и ера на македонската сцена и музика“.

Под видеото на Инстаграм следбениците на Ламбе коментираа: „Не можам да верувам, дали навистина Врчак се враќа на сцената? -Пораснавме со неговите предобри хитови во 2000-тите години“, „Врчак воскресе, навистина воскресе“, „Каков кам-бек би било тоа да се врати кралот на хип-хопот, едно убаво време кое сакаме пак да се врати“, „Овој ритам враќа во младоста“, се дел од коментарите.

 

Scroll to Top