(Видео) Вучиќ се сети дека излегувал во „Тропикана“, Заев пак му вели, не знам каде е, јас сум од Струмица

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера низ центарот на Скопје се прошета со премиерите Зоран Заев и Еди Рама, а со нив беше и градоначалникот Петре Шилегов.

За време на прошетката скопјани ги поздравуваа, застануваа да поразговараат со нив, падна по некое селфи и муабети за Скопје.

Новинарката од Пинк го праша претседателот на Србија дали се сеќава каде излегувал како млад кога доаѓал во Скопје.

„Не паметам кога последен пат сум бил овде. Кога бев млад. Но, многу е сменето оттогаш. Супер е. Сега не се сеќавам, ама знам дека одев во некоја ‘Тропикана’. Сега немам поим ниту каде е, ниту би се снашол овде“, вели Вучиќ.

Новинарката од ТВ Пинк, потоа му вели на Заев: „Каде е ‘Тропикана’?“ На што премиерот вели: „Немам поим каде е, јас сум од Струмица, не го познавам баш многу добро Скопје. Ама не е во центарот на градот, сигурно“.

Scroll to Top