(Видео) За роденденот на Влатко 50 гитаристи му ја свиреа „Чукни во дрво“

By

Педесет гитаристи од Штип му го честитаа роденденот на Влатко Стефановски со една од неговите најпопуларни песни – „Чукни во дрво“. Влатко денес полни 65 години. Гитаристите помеѓу 7 и 77 години му испратија порака на виртуозот на гитара и му посакаа здравје, среќа, ама и да создава уште многу музика и концерти.

dobivaj vesti na viber

 „Среќен роденден, Влатко. Немаме друга таква музичка легенда во нашата земја, па и пошироко во регионот, човек што оставил таков печат и дострел во музиката како што е Влатко Стефановски“, рекоа тие.

Влатко Стефановски е роден на 24 јануари 1957 година во Прилеп. Кариерата ја почна во „Леб и сол“, а по заминувањето од култната рок-група, настапуваше соло. Тој веќе неколку години свири со своето трио, во кое членуваат и син му Јан Стефановски (тапани) и Иван Кукиќ (гитара). Деновиве, „Кроација рекордс“ издаде албум со најголемите хитови на Влатко направени во текот на неговата 30-годишна соло кариера, наречен Greatest Collection.

Видео/Фото: „Слободен печат“

 

Ќе ви се допадне

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

Boruto: Naruto Next Generations Episode 226

AnimeHeaven Gintama Episode 196

AnimeHeaven The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat

AnimeHeaven How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

AnimeHeaven Record of Ragnarok

tải go88