(Видео) Згоден боксер наместо разголени девојки во новиот спот на „ДНК“

На Бадник дуото „ДНК“ го промовира видеото за песната „Кога би знаела се“, во кое Андреј и Панчо се урбани каубои. Спотот е снимен во Чикаго и наместо разголени девојки, во него се појавува боксерот Горјан Славески – Гого, Македонец што живее во Америка. Ова е прв спот на „ДНК“ снимен надвор од земјава. Песната ја направија Панчо и Лазар Цветкоски.

„Уживавме додека го правевме видеото. Некако се погоди ова да е прв спот кој го работиме надвор од нашата земја и да е ете во САД. Работевме со голема и, пред сè, мошне професионална екипа која го даде својот максимум, па не се ни сомневавме дека ќе имаме одличен краен производ. Искрено веруваме дека и публиката ќе го дели нашето мислење“, вели Панчо.

Првите коментари на социјалните мрежи се дека Андреј и Панчо конечно направиле спот и по мерак на девојките.

Scroll to Top