Поп-ѕвездата Каролина Гочева повторно е на одмор со женско друштво. Овој пат таа сподели видео од Сплит, каде е со внуките, со мајка и Светлана ѝ сестра си Сандра. Ова е традиционален одмор, за нив, а и во интервју за Репортер, лани поп-ѕвездата раскажа дека најмногу се радува на овие нивни заеднички дружби, кои им се традиција секое лето. Освен Хрватска, тие често одат заедно и во Грција на море, а Каролина ни кажа тогаш, дека Парга им е една од омилените дестинации. Друштвото и лани беа заедно на одмор во Хрватска.
View this post on Instagram