(Видео) Живкица со трите деца на тура со делфини

Телевизиската водителка Живкица Каленикова со семејството е на летување на грчкиот остров Скијатос. Иако ретко споделува слики на социјалните мрежи, овој пат таа објави неколку видеа и фотографии од одморот – на делфин-тура каде што туристите преку проѕирно дно на бродот ги гледаат делфините како пливаат, легната на карпа среде море, додека плива со ќерката. „Само оставете ме тука“, напиша Живкица покрај една од сликите.

Водителката, исто така, откри дека нејзините три деца Даријан, Марко и Ана, сепак најмногу уживале додека ги гледале делфините како пливаат покрај нив.

 

Scroll to Top