(Видео) Ѕвездата на „Гранд“, Александар Темелков, промовира нова песна

Макдеонскиот фолк-пејач, Александар Темелков, има нова песна – „Сиромав се родив јас“. Музиката и аранжманот се на Славко Ристески, а текстот на Стојан Лазаревски.

„Ова ми е 10-та авторска песна со која ќе го завршам мојот прв албум. Очекувам да стане мегахит и да биде слушана и во Македонија, но и насекаде на Балканот. Затоа што е на српски јазик, мислам дека ќе направам промоција и во Србија и во Босна“, ни рече Александар.

За потсетување, Александар пееше во „Ѕвездите на Гранд“, има снимено неколку народни песни и сите се пуштаат на радијата, а се пеат и на веселби. Годинава дипломира и тогаш најави дека паралелно ќе се посвети и на музиката и на правењето вино оти заврши енологија.

Scroll to Top