Викторија Лоба јавно те повикува – „Дојди“, ама претходно малку ѕирни!

Викторија Лоба ( текст) и Роберт Билбилов ( музика и аранжман) одново ги здружија силите, а резултатот беше последната песна на Лоба насловена „Дојди“, која почна да се врти во радиоетерот и на Јутјуб веднаш по првомајските празници.

Лоба и Билбилов тогаш  преку социјалните мрежи со кусо видео  ја најавија соработката, а не помина многу време и до официјалната промоција на песната која се уште активно се врти на радиостаниците и  интернет каналот Јутјуб.

Нумерата со брз ритам и заразен рефрен  одлично се вклопи во  летната сезона 2017 и брзо стана хит.

Летото е на заминување, а Лоба задоволна од тоа како помина песната, реши да го визуелизира својот последен хит со видеоспот. Но, реши и да ја задржи старата практика, истиот да го најави со кусо видео, односно највен видеотрејлер со секвенци од спотот. И секако, упати покана за коктел дружба со медиумите, пријателите колегите и фановите при неговата промоција на 14 септември, четврток во 16:00 часот во „Паблик рум“.

Во меѓувреме, Вие малку јавно ѕирнете во нејзиното ново видео… кога веќе и пејачката, а и самиот наслов на песната ве повикува: „Дојди“!

#Коментари

Scroll to Top