Поп-пејачката Викторија Лоба објави фотографија на „Инстаграм“, на која е облечена во црн фустан што личи на капут. Под него Лоба изгледа како да носи корсет, а чизмите, кои ѝ се над колената, само го потврдија нејзиниот елегантен стил.
На фотографијата може да се забележи пријатниот амбиент околу неа, надополнет со цвеќиња и украси.
Лоба доби одлични коментари за стилот, дека изгледа одлично, дека е бомба и дека личи на црна мачка.