Висар Вишка ќе го спасува бракот

Македонскиот актер Висар Вишка во серијата „На терапија“ го игра бизнисменот Гент. Тој, заедно со сопругата Зана, која ја игра Драгана Костадиновска, одат на советување кај д-р Терзиев за да си го спасат бракот кој западнал во криза. Вишка вели дека тој имал многу сличности со бизнисменот Гент и дека е најтешко е да се одиграат улоги кои се слични со сопствениот карактер.

Од снимањето на серијата има многу интересни случки, а открива и дека работел со прекрасна екипа, актери што навистина си ја сакаат работата. Серијата се снимала и на 40 Целзиусови степени, но тој и актерите успеале да го издржат темпото од утро до мрак.

Scroll to Top