Владиката Пимен се појави во спот на Бени и Нон Стоп

Европскиот митрополит на МПЦ-ОА, г. Пимен уште еднаш покажа дека знае да биде надвор од стандардните клишеа за тоа како треба да изгледа еден епископ. Г. Пимен, познат по своите слободарски настапи, овој пат се појави во музички спот на рок бендот „Бени и Нон Стоп“.

Спотот е снимен во Преспа, родниот крај на Владиката Пимен, што пак дополнително му дава „шмек“ на овој музички видео запис.

Отец Пимен е познат како љубител на рок музиката и честопати се појавува и на концерти на рок ѕвезди.

Во продолжение погледнете го спотот.

Scroll to Top