Градоначаникот на општина Штип, Благој Бочварски денеска потпиша договор со кој Владимир Дојчиновски со што го именуваше за нов уметнички директор на фестивалот „Макфест 2018“ во Штип. Дојчиновски на прес-конференцијата рекол дека ќе направи сè фестивалот да го задржи реномето.
„Сакам да им се заблагодарам на сите уметнички директори пред мене, сите тие со своите концпеции, без оглед на тоа дали фестивалот беше во јуни, октомври или без оглед на концепцијата направија многу за фестивалот. Јас сум дел од ‘Макфест’ од далечната 1998 година, а неколку пати ја добивав и првата награда без оглед на тоа дали сум аранжер или автор на музиката“, рекол Дојчиновски.
Фестивалот годинава ќе се одржи во првата недела од октомври. Наградите се 5.000 евра за прво место, 3.000 евра за второ и 1.000 евра за трето место.