Владо Јаневски е евергрин: Чаирската романтика најдобро звучи во Скопје

Во преполниот ноќен клуб „Пјур“, во Скопје, поп-пејачот Владо Јаневски имаше концерт. Дека чаирскиот романтичар не излегува од мода говореше амбиентот, оти беше преполно на неговиот настап, публиката распеана, светкаа блицевите од мобилните телефони и во еден глас се пееја сите негови популарни песни.

Во еден глас ечеа „Напрај место“, „Еден бакнеж“, „Дома си е дома“, „Ако не те сакам“, „Ова е само наше Скопје“, „Тајна отровна“, „Десет девојки“, „Еден бакнеж“, а публиката буквално уживаше во сите негови песни.

Поп-пејачот и автор е скоро 30 години на музичката сцена, зад себе има настапи, хитови и секогаш полни концерти.

Фото: Фејсбук

Scroll to Top