Владо Јаневски во Охрид – Концерт на 10 август во „Антички театар“

После 6 распродадени концерти во Скопје, Владо Јаневски на 10 август ќе одржи концерт на еден од дефинитивно најубавите простори во нашата држава – „Атнички театар“ – Охрид.

Музичарот и кантавтор, по пауза од неколку години се враќа во Охрид, да ни го сервира својот безвременски каталог на хитови и да ги испее познатите рефрени кои се доказ дека Владо е еден од ретките пејачи кај нас, кој живее исклучиво од и за музиката.

На концертот, кој истовремено ќе биде романтичен и еуфоричен, ќе има низа на евергрини и песни кои со генерации се пеат повеќе од 30 години, а секоја негова песна е сама по себе музичка историја.

Scroll to Top