Влатко Лозаноски викендов ќе пее во Охрид, прв настап по една и пол година

Поп-пејачот Влатко Лозаноски викендов ќе има настап во Охрид на плажата „Аквалина“. Ова е негов прв голем настап по една и пол година откако пред пандемијата одржа концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Друштво, овој викенд, заедно со мојот бенд, ве чекаме во Охрид на одлична забава во прекрасниот хотел ‘Аквалина’“, најави пејачот на „Инстаграм“.

Пејачот неодамна ја промовира својата последна песна „Вардаре“, која набргу стана хит.

Scroll to Top