Поп-пејачот Влатко Лозановски најавува нов албум, трет по ред, насловен како „Десет“, кој наскоро ќе го промовира во јавноста. Тој неодамна беше во Турција, и од таму се пофали на социјалните мрежи дека снима спот за новата песна „Јако, јако“ , а на песната работеше со Магдалена и Лазар Цветковски. И оваа песна ќа се најде на новиот албум. Лозано се уште е актуелен со песната „Километри“ , а спотот за месеци имa 1.300.000 прегледи на Јутјуб. Со ова тој стана еден од македонските пајчаи со најгледан спот на Јутјуб. Песната веќе има и неколку преработки.