Влатко Стефановски и Масимо во јули со концерти во Белград

По долга пауза поради пандемијата, концерти на регионалните музичари повторно ќе се одржат во Белград. Нашиот светски познат гитарист Влатко Стефановски ќе настапи на сцената во паркот „Ташмајдан“ на 30 јули, а концертната сцена на 31 јули е резервирана за Масимо Савиќ, притоа почитувајќи ги сите епидемиолошки мерки, објавија организаторите.

Гитаристот, пејач и композитор Влатко Стефановски и V3 Trio ќе одржат концерт на 30 јули за ограничен број луѓе.

Стефановски претходно ќе настапи на 4 јули во Палиќ, а во Белград најпрвин ќе свири на 3 јуни во салата „Комбанк“ на „Гитар арт фестивал“, пренесуваат српските медиуми.

Поп-пејачот Масимо Савиќ, пак, вели дека со нетрпение очекува, конечно, да се дружи со публиката на 31 јули во прекрасното здание на „Ташмајдан“ под отворено небо.

„Јас и мојот бенд веќе сме подготвени и со нетрпение очекуваме да размениме енергија и емоции. Се сакавме, нели?“, вели популарниот кантавтор.

По „Ташмајдан“, пејачот ќе има концерт во Палиќ на 2 август.

Scroll to Top