Влатко Стефановски ќе свири пред Стинг

Легендарниот рок-гитарист Влатко Стефановски ќе биде специјален гостин на концертот на Стинг во Скопје на 2 јуни, откри „Авалон“. Неговото трио ќе свири на стадионот „Тоше Проески“ од 20 часот, а веднаш по него ќе настапи светската ѕвезда.

„Само еден човек може да му биде специјален гостин на Стинг на ивентот ‘Скопје колинг’ на Градски стадион, а тоа е нашата легенда Влатко Стефановски. Ова го поддржа и менаџментот на Стинг“, велат организаторите на концертот.

Ова ќе биде втор концерт на Стинг во Скопје. Тој претходно настапи во распродадената арена „Борис Трајковски“ во октомври 2017 година.

Scroll to Top