Влатко Стефановски се спрема за летна турнеја

Виртуозот на гитара, Влатко Стефановски се подготвува за настапите на лето со неговото трио. Тој објави фотка со синот Јан и гитаристот Иван Кукиќ од пробата на триото во неговото студио Езотериа.

Познатиот музичар неодамна го објави својот нов албум „Тафталиџе Шатл“, но до сега не можеше да го промовира поради пандемијата.

Претходно, во интервју за „Репортер“, Влатко ни раскажа дека Иван и синот Јан одлично се вклопиле во неговата музичка приказна и дека иако се млади, се многу телентирани музичари.

Scroll to Top