Влатко Стефановски седна на ручек со претседателот на Хрватска

Виртуозот на гитара, Влатко Стефановски, седна на ручек со хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ. Тие се дружеа во Загреб, пред Влатко да настапи на „Бундекфест“ со неговото трио.

„Ми беше голема чест и задоволство што бев на ручек со претседателот на Хрватска“, напиша Стефановски и објави слика од средбата со Милановиќ.

Влатко пред неколку дена ја почна регионалната турнеја, а на концертите, покрај добро познатите хитови, ќе го претстави и новиот албум „Тафталиџе шафл“. Подмладената тројка, покрај Влатко ја сочинуваат неговиот син Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас-гитара. Тие првиот настап го имаа во Панчево, па свиреа во Загреб. Вечерва се во Осиек, а турнејата продолжува на 4 јули со концерт во Палиќ, по што следат настапи во Трогир на 9 јули, во Шибеник на 10 јули и на Брач на 11 јули.

Словенечката публика ќе има можност да види концерт во Нова Горица на 17 јули, а на 20 јули Стефановски ќе настапи во Будва, на култната манифестација „Град Театар”. На 30 јули ќе има голем концерт на стадионот „Ташмајдан” во Белград.

Scroll to Top