Влатко Стефановски трио со концерт на Антички театар во Охрид

Виртуозот на гитара, Влатко Стефановски на 5 август ќе одржи концерт на Антички театар во Охрид со неговото трио. Тој ќе настапи со басистот Иван Кукиќ и неговиот син, Јан Стефановски на тапани.

Триото пред македонската публика ќе се претстави со познатите композиции на Стефановски, но публиката ќе го слушне и материјалот од најновиот албум „Тафталиџе шафл“, кој излезе минатата година.

„Се радувам што повторно ќе се дружиме со македонската публика. Време е да се вратиме на старите задоволства“, вели Стефановски пред охридскиот концерт.

Концертот е во организација на „Баги комуникации“ и ќе се одржи по успешната турнеја на триото во Хрватска и Словенија.

Scroll to Top