Вљубен Игор ѝ посвети песна на Илина

Актерот Игор Џамбазов објави нова песна Love is so good, „Љубовта е добра“ која ѝ ја посвети на неговата девојка алпинистката Илина Арсова.

Музиката и текстот се негови, а ја снимија со Мите Димовски. Песната ја промовираше на концертот кој го направи минатата недела на кровот на „Сити мол“.

Познатиот шоумен и претходно има пишувано песни за неговите поранешни девојки, а една таква негова љубовна приказна, стара 34 години, ја раскажа групата „Нокаут“ преку песната „Шал“.

За потсетување Игор и Илина се повеќе од година дена во врска.

 

 

Scroll to Top