Во друштво на најубавите девојки – Даниел Данн ќе пее на изборот „Мис Глоуб 2019“

Македонскиот пејач Даниел Данн ќе пее на изборот за убавина „Мис Глоуб 2019“. Тој за „Репортер“ потврди дека ќе настапи на овој меѓународен избор и ни откри дека го поканиле организаторите во соработка со Македонската радио телевизија, која ќе го врши преносот. Даниел е еден од неколкуте пејачи од регионот кои ќе настапат на овој светски избор за убавина.

„Настапот на ‘Мис Глоуб’ нема да биде ново искуство за мене од ваков тип, бидејќи во изминатите години често бев дел од нашите избори за убавина. Но, тој претставува одлична можност за промоција на мојата работа бидејќи станува збор за интернационален настан кој го следи милионска публика. Би сакал да им се заблагодарам на уредниците од Македонската радио телевизија кои сметаа дека сум соодветен преставник за ова шоу“, ни рече Даниел.

Изборот „Мис Глоуб 2019“ ќе се одржи во Улцињ, Црна Гора, на 21 октомври. Таму ќе се натпреваруваат убавици од 60 земји од светот. Претставничка на Македонија е поранешната жена на Даниел Кајмакоски, Кристина Димитриевска, која на изборот замина во соработка со модното студио „Црнокрак“.

А.Ј

(Галерија) Поранешната жена на Кајмакоски ќе ја претставува Македонија на „Мис глоуб 2019“

Scroll to Top