Бившта министерка за финансии, Нина Ангелова се омажи со нејзиниот дечко Виктор Станков. Нина носела долг бел елегантен фустан со корсет, додека нејзиниот сопруг одбрал бело косум.
Парот се венчал во соборониот храм во Скопје, а младенците биле пречекани од блиски роднини и пријатели пред црквата. Свадбената веселба била во познат скопски хотел.
На свадбата на Нина како гости дошле познати фаци од јавниот и политичкиот живот, помеѓу кои и бившиот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.
Нина на почетокот на месецов направи журка со нејзини и блиски пријатели на нејзиниот свршеник Виктор Станков за нивното запросување кое се случи на Велигден.
Инаку Виктор, е доктор уролог од Универзитетска Клиника за урологија-Скопје
Таа на Инстаграм сподели видео во кое се собрани сите моменти од журката која се случила на море.
Со пријателите уживале на плажа, се журкале во дискотека и уживале во креативни игри.
Во описот на видеото стои: „Во име на љубовта“.
Нина често објавува фотографии со нејзиниот свршеник додека заедно се различни патувања.