Архитектката и модна инфлуенсерка Марија Јовева од Штип, позната како Марис Џолин, вчера се омажи со својот партнер, музичарот Панче Касапски, со кој беше во долга врска. Тие имаа интимна венчавка во Бигорскиот манастир.
Марија, наместо венчаница, носеше бел комбинезон со пердуви во горниот дел и долга бела бунда, кое наиде на воодушевување кај нејзините следбеници на „Инстаграм“.
Тие извесен период престојуваа во Шведска, но вчера се вратија во Македонија за да го прослават овој посебен ден заедно со членовите на семејството и најблиските пријатели.
Во 2018 година Марија ја имаше главната улога во спотот на Панче за песната „Намини ноќва“.