Телевизиската и радио водителка Елена Стојановска – Јанковска е една од македонските јавни личности што беа вклучени во осмомартовска кампања на козметичката компанија АВОН. Таа е заштитно лице во нивната кампања за маскари, True Ultra Mascara.
„Не мора да се шминкате, само ставете маскара. Златно правило“, вели Елена и во пораката им го честита 8 март на сите жени во Македонија.
Маскарата е дел од линијата Avon True. Маскарата е водоотпорна, не се размачкува и не се рони. Од АВОН велат дека е совршен избор за секој ден, за вечерно излегување, за лежерни активности, тренинг, па дури и за пливање во базен. Четкичката со посебни влакна придонесува за ултра волумен, поминува низ секоја трепка и ги зголемува волуменот и должината. Четкичката во форма на бадем ги подигнува трепките од коренот зголемувајќи ја густината за 100 отсто. Маскарата ги пополнува и празнините и создава впечаток на повеќе трепки.