Водителката Милена Антовска-Станковска на својот фејсбук-профил објави статус со кој се пофали дека ќерката Лана Марија полни седум месеци, но статусот е и љубовна порака на сопругот Горан.
„Ја гледам сликава и си го премотувам цел тој ден во глава. Да, 28-ми август минатата година, сончев ден како денешниов. Ќе го прескокнам делот со прегледот и болките и чекањето, затоа што на крајот на краиштата тоа и не е важно, се заборава. Туку ете така ми дојде да ги споделам емоциите кои ми навираат денеска, точно 7 месеци откако се роди мојата душа Лана Марија. Се сеќавам како ми беше кога прв пат ги видов тие очиња, кога прв пат нејзиното тело го допре моето, кога прв пат ги бакнав тие мали прстиња… 7 месеци го живеам најубавиот период од мојот живот, исто толку месеци исполнети со среќа, љубов, солзи, радост, смеа… ти благодарам Господе за оваа убавина, ти благодарам што ми овозможи да станам подобра личност, да станам мајка. А уште повеќе ти благодарам тебе Гордан Станковски, љубов моја“, стои во пораката на Милена.
Милена наскоро ќе го прекине породилното боледување и ќе се врати на телевизија.