Нашиот познат радио и ТВ водител Ване Маркоски најверојатно ќе замине во Сингапур за потребите на новите работни ангажмани.
Репортер.мк ексклузивно дознава дека маркетинг корпорација од Сингапур која снима реклами за Сингапур, Турција и Дубаи го повикала водителот Ване Маркоски и му понудила богата понуда за снимање на 8 реклами за познат хотел од Турција и познат бренд од мобилната телефонија чии имиња во моментов се држат во тајност.
Откако компаниите ќе ги одобрат рекламите, тие ќе бидат пуштени во етер низ целиот свет.