Вокалот на Тања Царовска во кинески филм

Македонската поп-пејачка и вокал Тања Царовска неодамна ги сними вокалите за еден кинески филм кој наскоро ќе ја има својата премиера. Тања често е на релација Скопје – Лондон и иако направи подолга пауза од издавањето на последниот албум „No record or wrong”, постојано работи на низа музички проекти. Еден од позначајните е претстава на Англискиот национален балет во кореографија на најпознатата кинеска танчерка и кореографка Јабин Ванг, каде Царовска ги пее носечките вокали. Родена е во Ресен. Набргу по појавувањето на музичката сцена, пред речиси две децении, таа замина за Лондон. Таа ги пее вокалите на познатите филмови, холивудскиот хит „Троја”, филмот на Милчо Манчевски „Мајки”, како и „Страдањата на Исус”. Има соработувано со врвни имиња од светската сцена, меѓу кои Џош Гробан, Џејмс Хорнер, Раде Шербеџија, Фолтин, Џос Стон, а има удел и во добивањето Греми за инструменталниот албум на Крис Боти.

Scroll to Top