Волшебно издание на “Поточиња 2019” викендов во МОБ

Детскиот фестивал “Поточиња” овој викенд по 16. пат ќе се одржи на 30. и 31. март 2019 година на сцената на Македонската опера и балет. Освен 15. нови детски композиции програмата ќе биде збогатена и со анимирани цртани филмови специјално подготвени за ова издание на Поточиња, а организаторот открива дека се подготвува и волшебна сцена како во детска бајка.

Домаќин на публиката ќе биде актерот Мартин Јорданоски во маската Поки кој ќе ги открива изненадувањата подготвени за публиката.

Организатори се “Пап продукција“, а преставите се закажани закажани со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена.

Scroll to Top