„Време е ние музичарите да излеземе на улица“, реагира Панчо за новите мерки за локалите

По новите рестриктивни мерки кои ги донесе Владата, а се однесуваат на угостителските објекти, на социјалните мрежи се јави  Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК.

-На стартот на пандемијата бев еден од најгласните кои апелираа да се почитуваат мерките ( и сè уште сум ). Со нашиот бенд ДНК  бевме први кои од сопствен џеб плативме и направивме live stream концерт на социјалните платформи под мотото #СедиДомаБидиКул уште пред да се воведе целосниот карантин со цел да влијаеме и помогнеме во целата ситуација. Еднаш не се побунивме иако 90% од артистите бевме без неколкумесечни примања, но со овој ноншалантен однос и очигледно незнаење на владата во кој правец тера мислам дека време е сите ние музичари, артисти, уметници да дигнеме глас на улица. Да си ги бараме нашите права и да им дадеме до знаење дека ние не сме виновни за грешките на неколкуте локали и организатори на настани кои видливо се толерирани од не знам кои причини ( јавна тајна е, сè знаеме, да не се секирате ). Истите тие работеле поради ваша катастрофална реакција и непрофесионалниот однос и реакција. Но како што кажав и претходно, најлесно е да се удри по македонските артисти, кои ги множите со нула. Ова нема така лесно да ви пројде. Срам и арам да ви е на сите ваши неосновани одлуки, – пишува Панчо.

Scroll to Top