За наследниците на Есма земја и суво цвеќе на гробот беа доволни: две години од смртта на кралицата на ромската песна

Во болница во Скопје по кратко и тешко боледување пред две години, на 11 декември, почина кралицата на ромската музика, Есма Реџепова-Теодосиевска. Имаше 73 години. Есма беше во брак со музичарот Стево Теодосиевски, со кого посвои 47 деца, од кои само едно е девојче.

Минатиот викенд, неколку дена пред двегодишнината од смртта, Есма доби пристоен споменик на градските гробишта во Бутел. Спомникот го подигна Владата на РМ, откако нејзините наследници и внуци две години јавно се караа за гробното место, кое до скоро беше само со земја и по некое исушено цвеќе. Наследниците и внуците се караа и за тестаментот, музичките права и делбата на имотот. Првата година се правдаа дека гробното место е со земја заради муслиманските обичаи, но и по годината гробот остана само со земја, без споменик.

Кралицата на ромската музика почнала да пее на 14 години, кога директорот на нејзиното училиште ја пријавил на нат­пре­вар за пе­е­ње на радио. Иако победила на натпреварот, кариерата ја почнала неколку години подоцна. За време на својата 55-годишна кариера, Есма одржа преку 12.000 концерти во Македонија и надвор од неа, издаде 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи, а оствари соработка и со познати светски музички имиња. Во 2013 година ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија. Таа се најде и на листата „50 нај­врв­ни гла­со­ви на све­тот на си­те вре­ми­ња“, во из­бо­рот на аме­ри­кан­ско­то др­жав­но ра­дио Ен-пи-ар. Медиумите ја нарекуваа примадона на европското пеење.

Внуците на Есма украдоа сè од куќата па сега ме обвинуваат

Scroll to Top