За роденденот на Влатко кој не e меѓу нас промовиран албумот „Последно танго“

By

Семејството, пријателите и колегите од естрадата како и актери денес се собраа на промоцијата во Скопје на постхумниот албум со необјавени песни „Последно танго“ на Влатко Илиевски. Измешани емоции  на радост и тага денес додека се слушаа песните од новиот албум.Тука беа и спомените оти Влатко денес ќе полнеше 37 години.

dobivaj vesti na viber

Албумот содржи 14 песни и беа прват преставни, а Влатко ги подготвувал за неговиот нов студиски албум, кој никогаш не го сними. Татко му на Влатко, Драган „Вршац“ е инцијатор на денешната промоција на постхумниот албум

Влатко Илиевски, е роден на 2 јули 1985 година во Скопје, а трагично почина на 6 јули 2018 година, на 33 години. На музичката сцена беше активен од 2000 година. Свирел гитара во локални скопски бендови, членувал во бендот „Мејд ин Маседониа“, а потоа стана познат како вокал на групата „Морал“. Од 2007 година почна солистичка кариера и имаше два албума со вкупно 20 песни. Во 2011 година ја претставуваше Македонија на Евросонг во Диселдорф, Германија, со песната „Русинка“. Беше дипломиран актер на ФДУ,

Фото: В. Тануровски

Ќе ви се допадне