Синот на македонскиот ракометар Борко Ристовски прослави 5. роденден. Роденденската забава за Душан, била во парк, а тортата инспирација од филмот „Маска“. Со ликот на Стенли Ипкис, банкарски службеник чија маска му дава моќ.
На забавата присустувале другарите на Душан и супер херојот Супермен.
Нина, сопругата на Борко на Инстаграм сподели неколку фотографии од роденденот, но и семејни слики со ќерката Анастасија.
„Денес е мој најголем празник. Мојата љубов полни 5 години. Те обожавам сонце мое, ти благодарам за секој миг“, напиша Нина.