Политичката двојка експермиерот Зоран Заев и ексминистерот Венко Филипче го посетија министерот за земјоделство Љупчо Николовски во Крива Паланка. Актуелниот функционер кој ги надмина двајцата сопартијци во политички стаж ги послужи со турско кафе, апетисани и слатко. Потоа, сите заедно направија и селфи.
Интересен детаљ е што Филипче и Заев носат брендирана облека, од иста марка. Двајцата се облечени во спортска варијанта. Николоски ја сподели веста дека двајцата експолитичари му биле на гости. Подоцна и градоначалникот на Крива Паланка се фотографирал со нив, па и тој објави на социјалните мрежи.
За потсетување, вчера Филипче славеше полуматура заедно со фамилијата Заеви.