Заев и Шилегов се пофалија со паричките за Бадник

Покрај повеќето јавни личности кои се пофалија кому се му паднала паричката за Бадник, и премиерот Зоран Заев и градоначалникот Петре Шилегов објавија како дома поминале на празничната трпеза. Па така годинава во домот на Заеви, премиерот беше најсреќен на бадниковата трпеза оти кај него паднала паричката. Празничната фотографија ја сподели неговата ќерка Александра, а потоа и премиерот.

„Ја споделувам оваа среќа со секој наш граѓанин, нека ни донесе надеж и верба во подобро утре. Бадник и Божик нека донесат мир и топлина во секое срце и во сечив дом. За многу години“, напиша тој.

 
Паричката падна и кај градоначалникот Петре Шилегов кој објави фотографија и напиша: „Здравје за сите. Да сте ми живи и здрави.“

 

 

Scroll to Top