Попладнево во Владата на Република Македонија се сретнаа грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, и премиерот Зоран Заев. Веднаш се поздравија како стари пријатели. Двајцата политичари најпрвин се гушнаа, а потоа разговараа со широка насмевка.
Експертите за говор на телото велат дека ваквата прегратка е интимна, дека покажува блискост на двајца пријатели што долго време не се виделе и си недостигаат еден на друг.
На средбата Заев-Коѕијас присуствуваше и шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.