Заев на мотор дојде во Варварица

Премиерот на Република Макеоднија, денеска се појави со моторцикл на четири тркала во селото Варварица во Општина Василево, каде имаше средба со граѓаните по повод осветувањето на реконструираната црква од 17 век „Св. Петка“.

Заев на одбележувањето на 73 години од формирањето на првиот Народноослободителен одбор за Струмичко се појави заедно со моторцџиите од мото клубот АТВ Струмица, каде тој е и член, пренесува СДК.мк.

Не е тајна дека премиерот сака да вози мотор на четири тркала, а денеска уживаше да се вози по Еленица со пријателите.

Тие тргнале рано утрото и возеле 40 километри пат по падините на Еленица, поминувајќи неколку ридско планински населени места од Рич – Струмица до Горни Липовиќ – Конче.

Меѓу 15-те членови се најде и генералниот секретар на Владтта Драги Рашковски, кој исто така е мото рели возач. Заедно со лидерот на СДСМ членуваат во клубот АТВ Струмица.

Премиерот има десетгодишно искуство со моторциклите на четири тркала, но на два пати имаше мали незгоди. Во 2009 го скрши десното рамо на тромеѓето во Беласица, а во 2010 имаше слична незгода, а овој пат настрада неговиот скочен зглоб на десната нога.

 

Scroll to Top