Заеви ги скршија јајцата

Премиерот Зоран Заев во друштво на сопругата Зорица и многубројните верници, го дочека Христовото воскресение во црквата Свети Григориј Палама и Димитриј во Струмица. Тој и Зорица, според обичајот, точно на полноќ се кршеа со јајца. Премиерот за себе избра црвено јајце, бојата што ја означува крвта на Исус.

По полноќ, на својата фејсбук-страна Заев остави порака по повод празникот.

„Најголеми пријатели на верата и на луѓето може да бидат воздржувањето и одговорноста. Навистина овие човекови вредности може да го ослободат, да го зајакнат и да го осилат и душата и духот. На овој голем празник, нека е честит големиот Велигден. Христос Воскресе!, напиша тој.

Scroll to Top