Заврши медениот месец на Каролина и Михаил

Поп-пејачката Каролина Гочева и сопругот Михаил Корубин се враќаат во Македонија по 3 недели на меден месец. „Ајде да си одиме дома“, напиша Каролина покрај фотографијата што ја објави на „Инстаграм“.

Михаил и Каролина го почнаа своето патување во Канада на -22 степени, продолжија во летувалиштето Тулум во Мексико, а го завршија во Лос Анџелес.

Пред заминувањето од Калифорнија, Каролина се пофали дека си поминуваат преубаво во друштво на нивни пријатели што живеат во Америка и објави неколку фотографии од денот поминат на Венис Бич.

Scroll to Top