Земјо моја невротична со многу богови паднати на глава: Џамбазов напиша песна за Македонија за денот на независноста

Актерот и шоумен Игор Џамбазов во свој стил го честиташе 8 септември, денот на независноста на Македонија. Тој напиша песна, во која вели дека неговата татковина е дива, мистична и егзотична, ама и баксузна, хаотична и невротична.

„Земјо моја библиска со многу богови паднати на главата, земјо моја исконска со ѓаволи што ти ја крадат славата, длабоко во срцето ќе те врамам, ќе се качам на Кораб горе, највисоко, па ќе викнам силно Македонијо“, пишува тој.

На социјалните мрежи коментираат дека секој напишан збор е на место.

„Прекрасно кажано“, „Легендо, еден од ретките си, браво“, „Македонија да ни е вечна“, му напишаа фановите.

Scroll to Top