Журка со германскиот диџеј Детлеф Вајнрих вечерва во „Станица 26“

Вечерва во 21 часот, во клубот „Станица 26“ пред скопската публика ќе насатапи диџејот на ггерманск електронска сцена Tolouse Low Trax, зад кој стои Детлеф Вајнрих од Дизелдорф. Тој е еден од основачите на култниот пост-рок бенд “Крајдлер“.
„Примитивноста во мојата музика е поврзана со нешто едноставно, и тоа не мора да биде задолжително минимално. За мене е доволно да танцувам грубо околу суштината. Музиката што не ја обликуваме до крај содржи момент на убавина. Превез на тајност. Работам едноставно. Во ограничувањата пронаѓам слобода“, вели Детлеф Вајнрих.

Свој настап во „Станица 26“ ќе има и њујоршкиот продуцент и DJ, Фред Петеркин, кој е попознат под псевдонимот Fred P. По 11 албуми и голем број различни изданија, и декади диџејска кариера, Фред секојдневно продолжува да го развива својот препознатлив звук кој плови низ најдлабоките фреквенции, во кои хаус музиката се провлекува како основа.

Scroll to Top