Зимска љубов на Драгана и Брејк

Поранешната Мис Македонија, Драгана Клопчевска, и нејзиниот сопруг, Дарко Гелев – Брејк, одмораат од напорните работни обврски. Двајцата се големи љубители на скијањето, па сега таа љубов му ја пренесуваат и на 5-годишниот син Давид. Деновиве тие се на скијање во Бугарија, па заради Давид ги избираат полесните ски-патеки во бугарскиот зимски центар.

Драгана денес раководи со конгресниот центар „Сити хол“, додека Брејк, меѓу другото, е сопственик на неколку радиостаници во Македонија.

 

Scroll to Top